Еве кој ѝ испрати на Карлеуша 1001 роза: 3.000 евра за среќата на Карлеуша пристигнаа со овој потпис! (фото)

Јелена Карлеуша ужива во плодовите на успехот на двата нови албума „Алфа“ и „Омега“, кои целосно ја воодушевија нејзината стара публика, но и помладата генерација која сега стана нејзини обожаватели.

Новиот проект на пејачката им се допаѓа и на нејзините пријатели, а по тој повод на нејзината домашна адреса пристигнаа 1001 роза како подарок.

Јелена вчера позираше покрај овој цветен аранжман, а кога ги праша фановите што мислат, кои и’ го купил овој вреден подарок, многумина мислеа дека тоа го има направено Роман Абрамовиќ кој бил инспирација за песната „Романе“, додека други дури шпекулираа дека тоа е Канје Вест.

Ова многу ја насмеа, бидејќи не се работеше за ниту еден од нив. Подарокот и’ го испратила пријателката Софија Милошевиќ, а Карлеуша денеска се огласи и потврди.

– Роман, доаѓам кај тебе како руската мафија… P.S. (не погодивте, само ме насмеавте). Овие најубави рози, сите 1001, ги добив од мојата Софија Милошевиќ. Ти благодарам убавице убавице – напиша Јелена во објава на Инстаграм.

Инаку, нејзината пријателка навистина не штедела за овој подарок. Бидејќи само една роза чини околу 150 денари, пресметката покажува дека Софија за ова изненадување платила 2,500 евра.