Европската комисија ќе бара објаснување од Јаневска за именувањето на Богојески за директор на „Еразмус+“
Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на раководителот на Македонскиот концепт, Петар Богојески, за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус+“.
Ова го соопшти Европската комисија во одговор на прашање на порталот „Портлаб“, откако во јавноста се појавија низа реакции во врска со назначувањето на Богојески, кои главно се однесуваат на неговите искажани ставови за повеќе општествени и политички прашања.
Оттаму велат дека Комисијата не била вклучена во изборот и номинирањето и дека се уште не е официјално известена за именувањето на Богојески.
„Европската комисија ги забележа медиумските извештаи во врска со назначувањето на Петар Богојески за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Северна Македонија. Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите „Еразмус+“ и Европскиот корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија cè уште не е официјално известен за тоа“, соопшти ЕК.
Велат забележале, како што велат, значителна загриженост за некои негови претходни јавни активности и изјави.
„Бидејќи очекуваме директорот на Националната агенција што раководи со клучната програма на ЕУ да ги поддржува темелните вредности на ЕУ, кои вклучуваат почитување на човековото достоинство и права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото, бараме ова прашање да се разговара со министерот за образование“, велат од ЕК.