Единствениот преживеан од првиот вагон на грчкиот патнички воз, во Лариса води битка за својот живот

0

Единствениот преживеан од првиот вагон на грчкиот патнички воз кој во вторникот се судри со товарен воз се бори за живот на Одделот за интензивна нега во Лариса. 20-годишниот Герасимос-Јасон Георгиадис е во критична состојба, велат лекарите.

Кога се судриле двата воза тој бил фрлен од прозорецот. Се здобил со сериозни повреди на главата паѓајќи на земја. Бил спасен и префрлен во болница во Лариса.

Тој веќе претрпе две операции, при што лекарите не се откажале од напорите да го спасат.

Дваесетгодишникот, по потекло од градот Волос, се качил на возот во Лариса кој сообраќал кон Солун, бидејќи студира машински инженеринг на Универзитетот Аристотел. Заминал дома за да помине време со своето семејство.