Една од најголемите филмски ѕвезди од 90-тите е непрепознатлива: „Кој и го направи ова?!“ 

Поминаа 40 години откако Џенифер Џејсон Ли стана позната во филмскиот свет, а нејзиниот сегашен изглед изненади многумина.

Изгледот на американската актерка Џенифер Џејсон Ли на неодамнешните фотографии многумина ги изненади, но и ги загрижи. Во коментарите најмногу се зборува дека изгледа непрепознатливо, а многумина се прашуваат „кој и направил такво нешто“.

Таа неодамна се појави во петтата сезона на серијата „Фарго“, а остави неизбришлива трага во филмската индустрија каде што се прослави во 90-тите.

Еден од нејзините иконски филмови е „Single White Female“ во кој ја игра опсесивната и дементирана цимерка на познатата актерка Бриџит Фонда.  

Иако постигна бројни успеси и одигра бројни улоги, нејзиниот приватен живот всушност е многу скромен и ненаметлив, а токму тоа го докажуваат нејзините папарацо фотографии од последните месеци.

Подалеку од камерите, актерката најмногу сака лежерна облека, има облечено неколку килограми, а многу ретко се шминка на лицето – за разлика од холивудските сцени во кои ја паметат.

„Непрепознатлива!“, „Кој и го направи ова?!“, „Вистино ли е дека ова е една од најголемите филмски ѕвезди од 90-тите?“… ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

А дека холивудскиот живот се разликува од реалниот, се уверивме уште еднаш.