Една од најубавите модели од 80-тите позираше на 60 години без филтер: „Ова сум јас“

Чешката манекенка Паулина Порижкова, една од најпознатите манекенки од 1980-тите, гордо покажа како изгледа на 60 години без филтер и изјави дека убавината лежи во стареењето.

„Ова сум јас. На одмор, во добра светлина, позирам за фотографија“, напиша таа. Објави и фотографија на која позира во бањата.

„Ова сум и јас, во лоша светлина, не позирам. Ова се шеесет години понекогаш здрава исхрана, а понекогаш не. Шеесет години повремено вежбање. Шеесет години правење правилни работи, а потоа погрешни работи одново и одново“, напиша таа.

Таа додаде дека ова се шеесет години учење за тоа што функционира, а што не.

„Токму кога мислам дека сум сфатила, сè се менува и морам да почнам одново. Убавината на шеесеттите години е што сега разбирам дека важноста е во учењето на лекцијата, а не во положувањето на испитот“, напиша таа.

Порижкова е родена во 1965 година во тогашна Чехословачка. Таа се преселила во Шведска со своето семејство во 1968 година за да ја избегне инвазијата на Варшавскиот пакт. Во Шведска, таа станала актерка и модел со светски позната кариера.

Таа има направено кампањи за брендови како што се Шанел, Версаче, Хермес, Кристијан Диор, Оскар де ла Рента, Микимото, Пери Елис, Лаура Биаџоти, Ен Клајн, Елен Трејси, Барнис Њујорк, Ен Тејлор и Ревлон.