Ден Бутнер помина две децении проучувајќи ја долговечноста во Сините зони, областите во светот со најголема концентрација на стогодишници.
Истражувал кои фактори го зголемуваат животниот век и дошол до заклучок дека усвојувањето здрави навики, дури и подоцна во животот, може позитивно да влијае на долговечноста.
Ова е особено точно кога станува збор за храната што ја јадеме.
“Просечната 20-годишна жена би можела да живее десет години подолго ако јаде како жителите на Сините зони. За мажите, таквата диета може да го зголеми животниот век за 13 години”, рече тој.
Жителите на сините зони генерално следат растителна исхрана. На пример, на Икарија, грчкиот остров на долговечноста, денот го започнуваат со мед. Семејството Мелис од Сардинија, Италија го држи светскиот рекорд по долговечност.
Во 2012 година го соборија светскиот рекорд како семејство со најголема комбинирана возраст. Деветте браќа и сестри имаат заедно 861 година.
Најстариот член на семејството има 109 години. Интересно е што секој ден го јадат истиот ручек: супа од минестроне направена од три вида грав (гарбанзо, пинто и бел грав), леб од квасец и чаша црвено вино.
Покрај исхраната, Бутнер вели дека е важно да се стремиме да се дружиме со луѓе кои го делат нашиот начин на живот. Тој самиот често вежба со пријателите, најчесто вози велосипед.
„Вашите пријатели ќе влијаат на вашето долгорочно здравје повеќе од било што друго“, рече тој.