Експертите тврдат дека настапот на Селин Дион на ОИ бил претходно снимен: звучела идентично на пробата

Милиони беа воодушевени од настапот на дивата Селин Дион на овогодинешните Олимписки игри, но музичките експерти сега тврдат дека настапот бил претходно снимен.

Со оглед на тоа што боледува од синдромот на вкочанета личност, поради што веќе неколку години не настапува, музичката дива ги изненади своите обожаватели со тоа што летово се врати на сцената кога реши да ја отпее легендарната песна „Hymne A L’Amour“ од Едит Пјаф на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Таа доби овации во таа прилика, па дури и францускиот претседател Емануел Макрон го окарактеризира нејзиниот настап како „емотивна кулминација на Олимписките игри“.

Сепак, 56-годишната пејачка сега се соочува со тврдења дека нејзиниот настап бил претходно снимен. Веста за тоа ја пренесе францускиот весник Либерасион, откако нивните новинари разговарале со неколку музички експерти.

Звучниот инженер, кој сакаше да остане анонимен, тврди дека се работи за репродукција, која може да се слушне од самиот почеток. Пијанистот и музичар Етјен Геро исто така тврди дека тоа е вистина.

„Она што го слушнавме на телевизија беше поправена репродукција“, изјави тој.

Покрај изворите од музичката индустрија, на Youtube се појави и музичар наречен „Wings of Pegasus“, кој верува дека изведбата звучела исто како и пробата. Тој рече дека проблемот е што тоа е технички невозможно бидејќи песните честопати ќе имаат разлики дури и ако ги изведува иста личност.

Режисерката Ајрин Тејлор претходно им откри на медиумите дека пробите биле навистина напорни бидејќи на пејачката во еден момент почнало да грче стапалото, поради што била потребна медицинска нега.

Потсетуваме дека синдромот на вкочанета личност е ретка и неизлечива автоимуна болест, која на пејачката и беше дијагностицирана во 2022 година. Поради ова, таа мораше да ги откаже сите настапи и да стави крај на кариерата. Таа претходно изјави дека болеста предизвикува тешкотии при одење и не и дозволува да ги користи гласните жици. Таа неодамна откри дека пет пати неделно оди на терапија за да се чувствува подобро.