Ердоган: Иран има природно и законско право да се брани од израелски напади, Нетанјаху е полош од Хитлер
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Иран има „легитимно“ право да се брани од бомбардирањето на Израел врз воени и нуклеарни цели, кое е во шестиот ден.
„Тоа е многу природно, легитимно и законско право на Иран да се брани од израелското насилство и државниот тероризам“, вели турскиот лидер, еден ден откако го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „најголема закана за безбедноста на регионот“.
Тој исто така вели дека Нетанјаху го надминал Адолф Хитлер во извршувањето на злосторството „геноцид“ во Газа.
Ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, бидејќи тоа го правеше во неколку наврати откако започна војната во Газа.