Ердоган и Орбан разговараа во Будимпешта за билатералните односи

 – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа денес во главниот град Будимпешта.

За време на состанокот зад затворени врати, Ердоган и Орбан разговараа за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања.

Во текот на денешниот ден Ердоган ќе присуствува на Светското првенство во атлетика, како и на свеченоста по повод одбележувањето на основањето на државата Унгарија.

За време на еднодневната посета се очекува Ердоган да разговара и со други колеги, меѓу кои и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Односите меѓу Турција и Унгарија беа подигнати на ниво на стратешко партнерство во 2013 година по формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Пријателските односи во последните години се зајакнаа на сите полиња.

Овој декември двете држави треба да ја прослават 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.