– Европската комисија денес го отвори првиот тендер за заедничка набавка на гас.
Марош Шефчовиќ, потпретседател на Европската комисија, во обраќањето до новинарите тоа го нарече историска пресвртница бидејќи е првпат Европската Унија (ЕУ) да користи колективна економска тежина за зголемување на енергетската безбедност и справување со високите цени на гасот.
Тој појасни дека 77 европски компании поднеле барања за вкупна количина од 11,6 милијарди кубни метри гас, односно 2,8 милијарди кубни метри течен природен гас (LNG) и 9,6 милијарди кубни метри преку гасоводи.
„Сигурните меѓународни набавувачи може да аплицираат на тендерот до 15 мај за снабдување со гас од јуни 2023 година до мај 2024 година“, додаде тој.
АгрегатЕУ, основан во декември минатата година, е новиот заеднички енергетски пазар на ЕУ дизајниран да ја акумулира побарувачката и да обезбеди нови набавувачи за ЕУ за да ја намали зависноста од рускиот гас.