Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека иако Европа штотуку го усвои 17-тиот пакет санкции против Русија, веќе подготвува 18-ти пакет со понатамошни „строги“ мерки.
Според Ројтерс, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, фон дер Лајен напишала на X дека „време е да се зголеми притисокот врз Русија за постигнување прекин на огнот“.
Зеленски дополнително ѝ се заблагодари на фон дер Лајен и на „целата ЕУ“ за 17-тиот пакет санкции, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.
Тој додаде дека „важно е да се воведат строги ограничувања на руската флота танкери, која служи за финансирање на убиства, како и на сите шеми што ги користи за да ја напојува својата воена индустрија“.