Ејуп Халими и Исмет Гури повторно се осудени на 3 години и 6 месеци затвор

По 3 години и 6 месеци затвор добија функционерите на ДУИ, Исмет Гури и Ејуп Алими, кои беа гонети за уништување изборен материјал.

Им се судеше вторпат во Кривичниот суд, откако Апелациониот суд ја укина одлуката.

Судијката Марија Клетничка ги прогласи за виновни затоа што на локалните избори, кога беше избран градоначалник на општина Чаир, групата ги фалсификувала документите што се користат за избори и гласање, манипулирајќи со гласовите.

На 31 март 2020 година, Исмет Гури и Ејуп Алими беа осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“, за уништување изборен материјал на локалните избори во општина Чаир во 2013 година.

Судијката Марија Клетничка при објавувањето на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен бидејќи на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи го фалсификувале гласачкиот записник. Додека обвинетиот Алими е виновен за незаконски дејствија за располагање со изборен материјал.

Во 2021 година, Апелациониот суд донесе одлука за повторно судење на случајот. Апелација даде насоки за правна оцена на делата за кои се гонат, да се провери кој го сторил тоа кривично дело. Поради ова имаше и ново вештачење кое ги даде истите резултати како и претходните.