ЖЕНА ЖИВА ЗАКОПАНА ОБЈАВИЛА ФОТОГРАФИЈА: Хорор по земјотресот, луѓе заробени во урнатините НА Твитер МОЛАТ ЗА ПОМОШ (ФОТО)

0

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди Турција и северозападна Сирија рано утринава , при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а повеќе од 2.000 беа повредени при уривање на згради ширум регионот.

Граѓаните на Турција , кои останаа заробени во урнатините во текот на ноќта по разорниот земјотрес , преку статуси и фотографии на социјалните мрежи бараат спасувачите да им помогнат.

Имено, во бројните објави кои кружат на Твитер, заробените луѓе велат „спаси ме, те молам“, додека другите корисници во своите коментари на секој начин се обидуваат да објаснат каде се наоѓаат објектите каде што се заробени.

Разорниот земјотрес однесе повеќе од 500 животи во Турција и Сирија, при што беа повредени неколку илјади луѓе, а според последните информации се урнаа над 2.000 згради во двете земји.

Спасувачките екипи се на терен и со часови се обидуваат да ги извлечат повредените, како и да ги извлечат телата на починатите од урнатините.

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а стотици беа повредени при уривање на згради низ регионот, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека 284 лица загинале, а 2.323 се повредени додека властите ги преместиле спасувачките тимови и авионите во погодената област, истовремено прогласувајќи го „четврто ниво на тревога“ повикувајќи на меѓународна помош.

Како што пренесува Ројтерс, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остварил телефонски разговор со гувернерите на осумте погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Иако тлото се затресе во Сирија, земјотрес со јачина од 4,5 степени се случи паралелно во Либан, а тлото се стресе и во Јордан, Израел и областите под управа на палестинските власти. Се тресеше дури и главниот град на Сирија, Дамаск.