Жена станала од гроб и се вратила дома: Соседите ја закопале Нина жива: Eве како се спасила (ВИДЕО)

Украинката Нина Рудченко (59) преживеала вистински хорор кога во Полтава ја нападнале пијани соседи, кои биле браќа.

Страшниот случај се случил во 2020 година.

Мажите на возраст од 27 и 30 години упаднале во куќата на Нина Рудченко, ја тепале со безбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја одвлекле на гробиштата, ја полиле со вода за да ја разбудат, ја натерале да ископа гроб и и’ рекле да легне внатре.

Потоа почнале да ја закопуваат со земја, а таа со тупаниците се обидела да задржи малку воздух.

„Се смееја и зборуваа како ќе го убијат моето семејство. Кога завршија, прашаа дали сум мртва и заминаа“, рекла Нина.

Спасена е, како што вели, бидејќи гробот бил исклучително плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата, каде веднаш изгубила свест.

Следното утро, нејзината сестра Људмила Гура ја нашла на подот.

„Крв и модринки ѝ беа на целото лице. Беше црно и отечено, едвај ја препознав“, се присетува Људмила.

Оштетената била веднаш префрлена во болница, а според наодите на хирургот Олександр Климчук, имала потрес на мозокот, скршеници на вилицата и носот, додека целото тело и’ било со модринки.

Осомничените за обид за убиство се уапсени и покрената е истрага.

На рочиштето тие зборуваа за тоа како биле под дејство на алкохол. Наводно, се започнало поради куче.

Соседите тврдат дека Нина им го зела кучето, но тие негираат дека ја мачеле, во што другите жители на околината не веруваат.