ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА – Погледнете што се случува во Србија: ‘Гробари’ и полицијата си ги ‘одмерија силите’! Навивачите на Партизан го прекинаа натпреварот (фото/видео)
Фудбалскиот натпревар помеѓу Чукарички и Партизан од првата лига на Србија односно Супер Лига беше прекинат во 17. минута поради фрлање факели на теренот.
Ова е четврти прекин во низа од страна на навивачката група „Гробари“, па судијата на натпреварот, Милан Митиќ, реши да го прекине натпреварот и да ги испрати играчите во соблекувалната додека не се испразнат трибините од жестоките поддржувачи на црно-белите.
Набрзо интервенирала српската полиција и секторот каде што биле сместени навивачите на Партизан бил испразнет.
Погледнете ги жестоките сцени и конфликт помеѓу српската полиција и навивачите на трибините на стадионот на Баново Брдо.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/04/%D1%821-jpg.webp)
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/04/%D1%823-jpg.webp)