Жива пронајдена во туната: Секој втора конзерва ги надминува границите

Конзервираната туна во Европа има висока концентрација на жива која ја надминува границата забележана кај другите видови риби.

Ова е наведено во последниот извештај на невладината Блум која се занимава со зачувување на морската средина и Фудвоч организација за правата на потрошувачите.

Невладините анализираа речиси 150 лименки туна од пет европски земји – Германија, Велика Британија, Шпанија, Франција и Италија.

Откриле дека сите производи содржат жива и дека дури 57 отсто од мострите ја надминале границата од 0,3 PPM, што важи за другите риби, пренесуваат медиумите.

„Она што завршува на нашите чинии претставува огромен ризик за јавното здравје што не се сфаќа сериозно“, изјави за новинарите Карин Жакмарт, извршен директор на организацијата „Фудвоч“ од Франција.