Загаденото Скопје во друштво со Дака, Лахоре и Њу Делхи

0

Скопје денеска наутро се најде во првите пет градови со најзагаден воздух во светот. Според платформата Ајкјуер, Скопје е рангирана по Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, Хангшаут во Кина и Дака во Бангладеш.

Според концентрацијата на ПМ честичките, скопјани денеска дишaт загаден воздух и не е препорачливо да се престојува на отворено, особено за лицата со чувствително здравје.

Но, според податоците на порталот на Министерството за животна средина, денеска скопјани и не дишат толку загаден воздух. Според државниот портал, на неколку мерни места имаше многу ниско ниво на загаденост, на само на неколку многу загаден, но бидејќи не работат сите мерни станици, од некои воопшто и нема податоци.

А, токму врз основа на државните мерење на 4 јануари концентрацијата на ПМ 10 честичките бил под прагот на аларм, Министерството ги прекина мерките и препораките за заштита на граѓаните кои важеа од 27 декември.
За следниве неколку дена се очекува расчистување поради продор на северно струење и ветер.