Закерберг итно опериран: Ова е причината (ФОТО)

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, објави дека бил опериран по кинење на лигаментите на коленото за време на ММА тренинг.

Марк објави фотографија од болница на Инстаграм и објасни дека тренирал за ММА борба на која требало да учествува на почетокот на следната година, но сега „ќе ја одложи малку“.

– Сè уште со нетрпение чекам да го направам тоа откако ќе се опоравам. Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката – изјави Марк.