Запленета марихуана во Кочани

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица – Кочани вчера попладне го привеле 36-годишниот кочанчанец И.Р. во чиј дом е пронајдена марихуана.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. 

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава во соопштението.