Започнува намалувањето на цените за роаминг во Македонија со земјите од ЕУ

Започнува намалувањето на цената за роаминг во Македонија, со земјите од ЕУ.

Граѓаните и бизнисите во Македонија ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената што моментално ја плаќаат за податоци од роаминг кога патуваат во европските земји. Намалувањето на цената за податоците во роаминг важи и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе останат во Македонија.

Намалувањето на цената за податоците од роаминг е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година во Тирана. 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан, минатата година на Самитот ЕУ – Западен Балкан, потпишаа декларација за усогласеност, за значително да го намалат „јазот“ помеѓу таксите за роаминг и домашните цени меѓу ЕУ и балканските земји. Оваа иницијатива ќе го намали „јазот“ меѓу роаминг и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Привремено намалувањето на цените на податоците во роаминг ќе придонесе за унапредување на развојот на бизнисот, туризмот и зајакнувањето на врските меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан. Исполнувањето на оваа Декларација е уште една поддршка од ЕУ, но и силен доказ за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ.