Србин во центарот на вниманието.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ присуствуваше на натпреварот од МЛС лигата меѓу Лос Анџелес Галакси и Интер од Мајами, кој заврши без победник (1:1).
Првиот светски рекет така имаше можност на дело да ги види Лионел Меси, како и неговиот сонародник Дејан Јовељиќ. Интересно, двајцата играчи беа единствените стрелци на натпреварот.
Just some GOATs here to see another GOAT. 🐐 pic.twitter.com/ZVkQQqL9P6
— Major League Soccer (@MLS) February 26, 2024
Покрај Ѓоковиќ, на трибините беа и некои познати НФЛ играчи и познатата актерка Хали Бери, но Србинот го привлече целото внимание.
👋 @ChristenPress 👋 @TobinHeath
— Major League Soccer (@MLS) February 26, 2024
Stars are out in Cali. 🤩 pic.twitter.com/ekvu12JY5w
Новак пристигна во САД за да учествува на турнирот во Индијан Велс, кој започнува на 3 март.