Блескавата насмевка е нешто по што сите копнееме. Не е чудо што многумина бараат совет од стоматолог за да ја постигнат. Според некои податоци, речиси секој втор човек не е задоволен од бојата на своите заби – без разлика дали се природно потемни, имаат жолтеникава нијанса или се промениле со возраста. Дури и најбелите заби со текот на времето можат да пожолтат, да потемнат или да добијат дамки – делумно поради абење на глеѓта, а делумно и поради влијанието на цигарите и одредена храна.
За бели заби и силна глеѓ, овие осум намирници прават разлика – ставете ги на списокот
Двојно поскапена таксата за влез во Венеција
Многумина барем еднаш во животот пробале паста за избелување, гел, средство за плакнење на устата… А оние кои можат финансиски да си го дозволат тоа, се одлучуваат за третман за избелување кај стоматолог. Но, малкумина знаат дека првиот чекор кон блескава насмевка почнува токму на трпезата – со избор на храна што природно го поддржува избелувањето на забите. Еве кои намирници би требало да ги внесете во вашето секојдневно мени:
1. Брокула и карфиол
Кога се јадат свежи, особено како салата, нивната рапава површина помага во чистење на забите и непцата. Колку подолго ги џвакате, толку повеќе плунка се лачи – што дополнително го зајакнува ефектот на избелување.
2. Јагоди
Киселина во јагодите помага во разградување на дамките на површината на глеѓта. За посилен ефект, измешајте пире од јагоди со малку сода бикарбона и со добиената смеса тријте ги забите со четка околу една минута, па исплакнете.
3. Сирење и јогурт
Поттикнуваат лачење плунка, а млечната киселина помага во разложување на површинските дамки. Имаат сличен ефект како брокулата.
Report Ad
4. Семиња и сушено овошје
Поради нивната абразивна структура, тие делуваат како природен пилинг за забите – отстрануваат наслаги и површински дамки.
5. Ананас
Ензимот бромелаин, кој се наоѓа во ананасот, го намалува воспалението и ги разградува протеините што предизвикуваат пожолтување на забите.
6. Кромид
Сулфурните соединенија во свежиот кромид го спречуваат создавањето наслаги на и меѓу забите. Трикот е во тоа да го јадете свеж.
7. Целер и морков
Содржат многу вода, што помага во чистење остатоци од храна и зајакнување на непцата. Нивната рапава текстура делува како природен пилинг.
8. Јаболка
Ја неутрализираат бактеријата што предизвикува создавање наслаги и лош здив. Јаболката ги чистат дамките и ги освежуваат непцата.
Report Ad
Храна што треба да се избегнува?
Некои намирници имаат сосема спротивен ефект: чај, кафе, црвено вино, газирани пијалаци, темни овошни сокови, капини, малини, балсамико оцет, темни сосови како соја сос и доматен сос. Не ги консумирајте секојдневно, а кога ги консумирате веднаш измијте ги забите.