,,За куче, кучешка смрт!” Морничави зборови на Медведев за смртта на рускиот дезертер!

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека нема причина да жалиме за насилната смрт на пилотот на авионот Максим Кузминов во Шпанија.

– За куче, кучешка смрт, изјави Медведев за руските медиуми.

Тој не сакаше да коментира како починал Кузминов, пренесува ТАСС.

– Кажав сè што сакав да кажам, рече Медведев.

Шпанската полиција потврди дека рускиот пилот Максим Кузминов, кој киднапираше хеликоптер на руските вооружени сили во 2023 година, е убиен во провинцијата Аликанте.

Неговото тело со прострелни рани било пронајдено во гаражата, а полицијата не ја исклучила можноста документите пронајдени на неговото тело да се фалсификувани.

Кузминов минатата година побегнал од Русија со хеликоптер на руската армија, кој им го предал на украинските команданти во замена за половина милион долари, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека властите во Киев го окарактеризирале пребегнувањето како „голем удар“, додека Москва го смета Кузминов за одговорен за „најтешкиот грев“.

Украинските разузнавачи наводно го предупредиле Кузминов дека неговиот живот е во опасност и го повикале да не ја напушта земјата.

Меѓутоа, Кузминов ги игнорирал и со добиените пари се преселил во едно гратче на шпанскиот брег на Средоземното Море.