За првото дете ќе стигнат 500.000 динари, а за второто уште повеќе: Пратениците во српското Собрание усвоија нов закон!

Овие мерки ќе важат за сите деца родени на 1 јануари 2025 година

Пратениците во српското собрание  ги усвоија измените на Законот за финансиска поддршка на семејствата со деца, со кои се предвидува зголемување на родителскиот додаток.

За тој предлог гласаа 184 пратеници, еден беше против, немаше воздржани, а 10 пратеници не гласаа.

Согласно овие измени, родителскиот додаток ќе изнесува 500.000 динари за прво дете, 600.000 динари за второ дете на месечни рати за две години плус 135.000 динари како еднократна исплата.

За трето дете додатокот се зголемува на 2.280.000 динари на 120 еднакви месечни рати, плус 135.000 динари како еднократна исплата, а за четврто дете е 3.180.000 динари на 120 рати.

Овие мерки ќе важат за сите деца родени на 1 јануари 2024 година.

Министерката за демографија и семејна грижа, Милица Ѓурѓевиќ Стаманковски, образложувајќи го законскиот предлог, истакна дека приоритет на нејзиното министерство е демографската обнова.

Таа рече дека во демографската обнова треба да се вклучат сите институции на Република Србија, бидејќи тоа подразбира зајакнување на селата, поддршка на семејните фарми, инвестирање во домашната економија, во патишта, во важни инфраструктурни проекти од кои корист имаат сите наши граѓани и пред се децата и семејствата.

Министерот рече и дека демографската обнова подразбира враќање на нашите луѓе од странство, но и воспоставување на семејно-пријателски систем.

Таа се заблагодари на Владата на Србија што доделила дополнителни 10 милијарди динари за поддршка на законот за зголемување на родителскиот додаток.