„За Украина оружје за Русија санкции!” Бајден му испрати жестока порака на Путин

0

САД и Канада имаат намера да продолжат да вршат притисок врз Русија со воведување санкции од историски размери, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Путин со воведување историски санкции и ограничувања – рече Бајден на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во исто време, Бајден рече дека Америка ќе продолжи да испорачува воена и хуманитарна помош за Украина.

Американскиот лидер се осврна и на неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, велејќи дека приближувањето меѓу Русија и Кина е „претерано“, додека Америка е далеку поуспешна кога станува збор за формирање сојузи.

– Какви обврски имаат преземено во економскиот план? Зошто се зголеми трговијата – праша Бајден еден новинар кој побара од него да ја коментира средбата на рускиот и кинескиот претседател.

– Не ги земам ,,здраво за готово” Кина и Русија, но мислам дека претеруваат. Во последните три месеци слушам дека Кина планира да и’ испорача на Русија огромни количини оружје, но тие сè уште не го направиле тоа. Тоа не значи дека нема да го направат тоа – додаде Бајден.

Инаку, американскиот претседател ја посети Отава пред помалку од една недела откако кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Москва.