Зеленски: Нашите сили го уништуваат непријателот на исток и југ

 Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските сили ги уништуваат руските сили во источниот и јужниот дел на земјата.

-Во овој момент нашите војници на југ и на исток активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Одбраната од теророт значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш нема да има можност да и донесе зло на Украина, нагласи Зеленски во видео порака.

Зборувајќи за конференцијата што ќе се одржи во Лондон за закрепнувањето на Украина по војната, Зеленски рече дека обновата на земјата е „гаранција за безбедноста“ и „средство за заштита од какво било повторување на руската агресија“.