Зеленски ја најави својата оставка! Еве што му вети на Трамп: Вели дека разбира оти Украинците можеби сакаат „лидер со нов мандат“ да потпише мир со Русија (ФОТО, ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема намера да ја води земјата во мирно време.
Тој го кажа ова за американскиот „Аксиос“ и вети дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори во случај да се постигне прекин на огнот со Русија.
На прашањето од новинарите дали би сметал дека својата работа е завршена кога ќе заврши војната, Зеленски рече дека би бил „подготвен“ да се повлече од претседателската функција.
– Мојата цел е да се стави крај на војната, а не да продолжам да се кандидирам за функција – рече Зеленски.
Американските медиуми потсетуваат дека изборите беа одложени на неодредено време поради војната, а приказната ја искористија критичарите на Зеленски, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
Зеленски истакна дека безбедносната ситуација и украинскиот устав претставуваат предизвици за одржување избори, но исто така изрази верување дека тие се можни.
Зеленски даде интервју за „Аксиос“ во Њујорк непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев.
На прашањето дали се обврзува да инсистира на избори доколку се постигне прекин на огнот од неколку месеци, тој одговори позитивно.
Зеленски откри дека за време на средбата со американскиот претседател во вторник, тој му рекол на Трамп дека доколку има прекин на огнот „можеме да го искористиме тој временски период и можам да му дадам сигнал на парламентот“.
Тој рече дека разбира оти луѓето можеби сакаат „лидер со… нов мандат“ кој ќе ги донесува важните одлуки потребни за постигнување долгорочен мир.
Тој истакна дека безбедносните проблеми ќе го отежнат организирањето на изборите, но верува дека тоа може да се направи.
„Аксиос“ потсетува дека Зеленски беше избран со убедливо мнозинство во 2019 година.
Да не беше војната, неговиот петгодишен мандат ќе завршеше во мај 2024 година.
Неговата популарност меѓу граѓаните на Урај скокна на околу 90 проценти во првите месеци од војната, а најновите анкети покажуваат дека сè уште е далеку над 60 проценти.
Зеленски се соочи со првите големи домашни протести во јули оваа година, откако неговите сојузници во парламентот презедоа чекори за ослабување на независните антикорупциски агенции на Украина.
Иако потегот брзо беше поништен, тој предизвика загриженост за демократската траекторија на Украина под Зеленски.
Во интервју за „Фокс њуз“ во вторникот, Зеленски рече дека
имал „добар разговор“ со Трамп на маргините на 80-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации и дека верува оти
ставот на американскиот претседател кон Украина се променил.