Земјотрес од 4,5 степени на грчкиот остров Евија

0

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран претпладнево на грчкиот остров Евија според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета, а земјотресот во југоисточниот дел на Евија беше почувствуван и во Атина.