Пет провинции во шпанскиот регион Андалузија се под тревога поради дожд, снег, ветер и немирни услови на море.
Шпанската државна канцеларија Аемет предупреди на нестабилен викенд и „зимско време“ овој викенд во пет провинции во Андалузија.
Поголемиот дел од земјата е во зоната на жолта тревога, поради што многу патувања се нарушени.
Силни ветрови се предвидуваат и во провинциите Алмерија, Кадиз и Малага, пишува euronews
Што се однесува до можните снежни врнежи, Аемет вели дека најголеми шанси за снежни врнежи ќе има во јужното подножје на Сиера Невада.
Се известува дека ефектите од невремето Моника ќе продолжат да се чувствуваат и во текот на денешниот ден, но се предвидува постепено да слабее.
Врнежи од снег се очекуваат и во планинските предели, особено оние во центарот и северот на Шпанија.
Се очекува и облачност со врнежи од дожд, кои на брегот на Атлантикот ќе бидат поинтензивни и придружени со повремени грмежи.
Следната недела се очекува стабилизирање на времето. Сепак, во среда се очекува ново невреме да ја зафати Шпанија.