ЗИНЕДИН ЗИДАН ЈА ОДБИ НАЈГОЛЕМАТА ПОНУДА ВО ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА: Му понудиле 3,5 пати повеќе пари од Гвардиола за да го тренира Роналдо!

Францускиот тренер Зинедин Зидан ја одбил неверојатната понуда на Ал Наср од 150 милиони евра за двегодишен договор!

Зидан, како што пишуваат медиумите , не сака да замине во Саудиска Арабија и покрај невидената понуда и можноста повторно да го тренира Кристијано Роналдо .

Зидан моментално е без ангажман. Целеше на клупата на Франција, но Дидие Дешам го продолжи договорот со Алијансата. Во меѓувреме, славниот Зидан беше поврзуван со неколку клубови како Јувентус, Пари Сен Жермен, Њукасл, Реал. Французинот во својата тренерска кариера во два наврати го предводеше Реал Мадрид и освои апсолутно се што можеше со кралскиот клуб.

За тоа за каква богата понуда станува збор, најдобро е податокот дека најплатениот тренер во светот Диего Симеоне заработува 34 милиони годишно. Значи, повеќе од двојно помалку од понудата за Зидан.

Манчестер Сити е најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите и веќе ја освои Премиер лигата. Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола добива 22 милиони годишно, што е 3,5 пати помалку од понудата за Зидан.