Зошто децата се најзлобни кога нивните мајки се наоколу?

ДЕФИНИТИВНО сте се нашле во ситуација кога сте му довериле дете на некого да го чува и сте добиле повратна информација дека е како ангел. Како е можно тоа кога е како ѓавол покрај вас? Децата всушност имаат тенденција да бидат полоши околу нивните мајки. И тоа не е ваш неуспех – тоа е комплимент.

Ајде да нурнеме во тајните на детската психа и да откриеме зошто децата се диви кога се околу вас.

Тие се чувствуваат безбедно
Ако децата се чувствуваат безбедно, удобно и поддржано, тие ќе ги изразат своите емоции без страв. Никој не сака да се покаже во лошо светло пред странци, а тоа важи и за децата.

Кога децата избираат да се однесуваат лошо, тие исто така ја покажуваат својата ранливост. Значи, тоа е потврда дека правите одлична работа.

Сакаат внимание

Друга причина зошто децата се однесуваат лошо околу нивните родители е тоа што тие можеби се натпреваруваат за вниманието на мајката. Можеби мислат дека сте повеќе посветени на партнерот, неговите браќа и/или сестри, вашето домашно милениче или работата, па глумата ја користат како адут.

Ги проверуваат границите

Испитувањето на границите е природно, особено за децата кои се поврзуваат со своите мајки. Децата не се обидуваат да им отежнат на родителите со недолично однесување, но понекогаш тоа е знак дека тие се развиваат нормално и дека имаат добар однос со вас.

Тие сакаат да постигнат нешто

Во некои случаи, бесот значи дека детето се обидува да манипулира со вас. Зад таквото однесување секогаш се крие рационална и логична цел.