“ЗОШТО ЗАПАДОТ МОЛЧИ !?“ – Албин Курти откри што е пронајдено на локацијата каде што се уапсени полицајците: “Тоа беше киднапирање…“

0

Премиерот на Косово, Албин Курти, на прес-конференција откри нови детали за апсењето на тројцата косовски полицајци, за кои Приштина тврди дека Србија ги „киднапирала“ од територијата на Косово. Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ го тврдат токму спротивното – дека полицајците се уапсени на територијата на Србија.

Албин Курти вели дека местото каде што се случило киднапирањето е на еден километар од границата на северозападната страна, 670 метри од северната и 300 метри од југозападната граница, а тој покажа и фотографии од местото на апсењето.

Не станува збор за апсење во Србија, туку за киднапирање на Косово и не се работи за никакво преминување на косовската полиција на територијата на Србија, како што се тврди“, кажува Албин Курти.

Албин Курти нагласи дека на местото на настанот пристигнале КФОР и косовската полиција.

КФОР и КП биле на местото на инцидентот, а биле пронајдени и траги од отпечатоци од чизми во правец кон Србија и пластична лисичка. Она што сè уште ме изненадува е што КФОР сè уште официјално не објаснува каде е тоа место, а тоа место е на Косово. И возилото и храната што ја јаделе полицајците се длабоко на територијата на Косово“, тврди Албин Курти.

Албин Курти додава дека две вооружени формации на Србија влегле на територијата на Косово.

Станува збор за две вооружени формации на Србија кои влегле во Косово и со кои КФОР мора да се справи, специјалната антитерористичка единица САЈ и специјалната воена единица Кобра“, истакна Албин Курти.

Косовскиот премиер вели дека е чудно што меѓународниот фактор молчи за постапките на Србија.

Србија не ги промени своите намери, мотиви и апетити, не е дека не изненадува со своето однесување. Чуден е молкот и толеранцијата на меѓународните фактори кон постапките на Србија, која постојано бара причини за ескалација и дестабилизација. Киднапирањето на тројца полицајци е најјасен доказ за тоа“, нагласува Албин Курти.

На крајот тој посочи дека целта на Косово е безбедноста и побара итно ослободување на киднапираните полицајци, а меѓународниот фактор повика да го осуди чинот на агресија на Србија и да изврши притисок врз официјален Белград.

Да потсетиме, Белград и Приштина наведуваат различни локации на апсења и меѓусебно се обвинуваат за нелегално преминување на границата.

Директорот на владината канцеларија за КосовоПетар Петковиќ, објави дека тројца вооружени припадници на косовската полиција се уапсени „длабоко на територијата на Србија“. Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, прецизираше дека тие се уапсени „1,8 километри од административната линија“.

Но, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека тие се уапсени во границите на Косово, како што напишавме погоре.

Портпаролот на ЕУПетер Стано, изјави дека ЕУ е во контакт со двете страни за подобро да се разбере што точно се случило.

Премиерот на АлбанијаЕди Рама, изјави дека ќе го чека официјалниот извештај на КФОР пред да го соопшти ставот за инцидентот бидејќи „не сака да долева масло на огнот“, пишуваат приштинските медиуми на албански јазик.

Последниот инцидент и придружните мерки, наместо очекуваната деескалација и враќање на преговорите што ги побараа САД и ЕУ, може да предизвикаат нови тензии меѓу двете страни.

Апсењето на косовските полицајци доаѓа по протестите кон крајот на мај, кога локалните Срби се спротивставија на градоначалниците од етничките Албанци да стапат на функција по локалните избори во четири северни општини каде излезноста беше само 3,4 отсто бидејќи Србите, кои го сочинуваат мнозинството на север, бојкотираа.

Во судирите беа повредени 30 припадници на мировните сили (КФОР) и повеќе од 50 српски демонстранти.

Србија и Косово во февруари го прифатија европскиот план за нормализација на односите поддржан од САД, а потоа во март во Охрид и анексот за спроведување на договорот, но не беше постигнат напредок поради постојаните тензии на северот на Косово.