Излезе првиот дигитален кондом! Еве како се користи и за што точно служи

Camdom е првиот „дигитален кондом“ кој ги штити корисниците од тајно снимање интимни моменти со блокирање на камерите и микрофоните без согласност.

Дигиталните кондоми претставуваат иновација на светскиот пазар, но не се како стандардна заштита бидејќи немаат физичка форма, туку постојат исклучиво во дигитален формат.

Оваа нова апликација наречена „Camdom“ е дизајнирана да ја заштити приватноста и достоинството на корисниците, но не обезбедува заштита од сексуално преносливи болести.

Дигиталниот кондом е повисоко ниво на заштита

– Camdom е ваш дигитален кондом кој спречува некој да фотографира или да снима интимни моменти без ваша согласност – објаснуваат креаторите на оваа идеја од германската компанија Billy Boy, позната по производството на кондоми.

Едноставно е – доволно е да ја отворите апликацијата пред интимен однос и со тоа да ја заштитите вашата дигитална приватност, велат експертите, истакнувајќи дека безбедносниот софтвер е многу лесен за употреба, исто како вистински кондом.

Camdom е всушност заштита прилагодена на модерното доба, во која интимната содржина често се снима и дистрибуира без согласност.

Како функционира?

Кога ја користат апликацијата, корисниците ги држат своите паметни телефони блиску и влечат виртуелно копче што ги блокира камерите и микрофоните на двата уреди.

Ако некој се обиде да снима, се огласува аларм за да го извести партнерот за потенцијално нарушување на приватноста. Camdom може да блокира повеќе уреди истовремено, обезбедувајќи максимална заштита.

Објавувањето на вакви интимни содржини без согласност може да предизвика сериозни последици за психолошката, личната и социјалната состојба на жртвата. Студиите на Факултетот за здравје и наука „Егас Мониз“ во Португалија посочуваат дека таквите искуства често доведуваат до понижување, анксиозност, депресија и намалена самодоверба, пишува „Нипост“ .

Креаторот на Camdom, Фелипе Алмеида, смета дека апликацијата ќе придонесе за намалување на ваквите проблеми.

– Паметните телефони денес се продолжение на нашето тело и на нив складираме чувствителни податоци. Затоа ја развивме првата апликација која може да ги блокира камерата и микрофонот со помош на Bluetooth – објасни Алмеида.

Александар Струман, бренд менаџер на Били Бој, додава дека Камдом е дигиталниот чувар на новата генерација.

– Billy Boy е бренд познат по тоа што ги штити луѓето во аналогниот свет, а сега сакавме да направиме чекор понатаму и да ја заштитиме дигиталната генерација од заканите со кои класичниот кондом не може да се справи – заклучи Струман.