Изненадување во Абу Дами! Еди Рама клекна пред Мелони, а таа воодушевено му падна во прегратка: Следеа овации и аплаузи (ВИДЕО)

По пристигнувањето на енергетскиот форум во Абу Даби, италијанската премиерка Џорџо Мелони доби изненадување од албанскиот премиер Еди Рама, по повод нејзиниот роденден.

Мелони денеска полни 48 години, а роденденот го прослави на пат. Сепак, во Абу Даби ја чекаше роденденско изненадување, кога колегата од Албанија и’ подари подарок.

Имено, како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи, Еди Рама клекнал пред неа и и’ подарил подарок.

Насмеаната премиерка го прегрна и со раширени раце го прифати подарокот. Во кутијата имало шал, а Рама објаснил дека е направен од италијански производител кој се преселил во Албанија и станал албански државјанин.

Потоа и’ стави шал на главата, додека камерите снимаа cè.

Исто така, Рама се обиде да ги натера новинарите заедно да пеат роденденска песна за Мелони.

– Не ги срами – одговори Мелони.