Израелската војска влезе во Кан Јунис! Уличните борби продолжуваат, напад врз седиштето на Хамас (ФОТО/ВИДЕО)

0

Израелската армија (ИДФ) објави дека нејзината 98-ма дивизија влегла во Кан Јунис и почнала со операции во градот во јужниот дел на Појасот Газа.

ИД соопшти дека е извршен комбиниран напад во Кан Јунис врз штабот на палестинската милитантна група Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ИД ја опколува куќата на највисокиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, во Појасот Газа.

– Синоќа реков дека нашите сили можат да стигнат каде било во Појасот Газа. Сега ја опкружуваат куќата на Синвар – рече Нетанјаху во видео обраќање.