Израелските сили ги блокираат возилата на брзата помош на Западниот Брег

0

Израелските сили ја блокираа циркулацијата на амбулантни возила на Западниот Брег, тврдат од „Црвената полумесечина“ на Палестина.

Преку видео објавено на платформата X, организацијата објави дека израелските војници го спречиле движењето на службите за итни случаи при напад во близина на градот Тубас.

Таа тврди дека во областа има „голем број ранети“, пренесува skynews.

Ова доаѓа откако палестинското Министерство за здравство објави дека пет лица биле убиени од израелските сили за време на напад во близина на Туба.

Не е јасно дали двете изјави се однесуваат на ист настан.

Паралелно со војната меѓу Израел и Хамас во Газа, има зголемување на насилството на Западниот Брег.