Иранското министерство за нафта соопшти дека Израел нападнал две големи гасни полиња во јужната иранска покраина Бушер.
Повикувајќи се на сведоци, иранските медиуми јавуваат дека Фаза 14 од гасното поле Јужен Парс била извршена со минијатурни дронови. Друга гасна компанија, компанијата за рафинирање гас „Фаџр Џам“, исто така е цел на напади во истата покраина.
Ова е првпат да се објават извештаи за израелски напад врз иранските гасни полиња.
Производството на гас е суспендирано од дел од иранското гасно поле Јужен Парс по израелскиот напад врз локацијата, според „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на новинската агенција Тасним.
„Поради пожар во еден од четирите блока од Фаза 14 на Јужен Парс, производството на 12 милиони кубни метри гас од платформата Фаза 14 е привремено прекинато додека овој дел од рафинеријата не биде повторно во функција“, пишува Тасним.
Нападот резултираше со пожар за кој иранското министерство за нафта соопшти дека подоцна бил изгаснат.
Полето Јужен Парс, кое се наоѓа во јужната покраина Бушер, е еден од двата главни капацитети за производство на јаглеводороди во Иран.