ИЛОН МАСК ПРЕДУПРЕДУВА НА ГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА ЧОВЕШТВОТО – Ова е поопасно и од нуклеарно оружје !?

Илон Маск верува дека вештачката интелигенција на крајот би можела сите да не остави без работа.

Милијардерот и технолошки лидер, извршен директор на Tesla и SpaceX, извршен претседател на X (Твитер) и сопственик на новоформираната компанија за вештачка интелигенција xAI, во четвртокот кажа дека вештачката интелигенција (ВИ) има потенцијал да стане најголемиот „непријател“ во историјата.

Ќе имаме нешто што за првпат е попаметно од најпаметниот човек“, вели Илон Маск на настанот во „Ланкастер Хаус“, официјалната резиденција на британската Влада.

Тешко е да се каже точно кога ќе биде тој момент, но ќе дојдеме до точка каде што нема да биде потребна работа“, продолжи Илон Маск, зборувајќи заедно со британскиот премиер Риши Сунак.

Може да имате работа ако ја сакате за лично задоволство. Но, вештачката интелигенција може да направи се. Не знам дали на луѓето тоа им е удобно или непријатно“, се пошегува Илон Маск.

Ќе биде како магичен дух, кој ја исполнува секоја ваша желба и нема граници. Нема да има ограничувања за три желби и слични глупости, што е и добро и лошо. Еден од предизвиците во иднина ќе биде како да се најде смислата на животот“, тврди Илон Маск.

Илон Маск постојано предупредуваше за заканата што вештачката интелигенција ја претставува за човештвото. Тој еднаш кажа дека тоа може да биде поопасно од нуклеарното оружје. Тој беше еден од бројните технолошки лидери кои повикаа на претпазливост во развојот на вештачката интелигенција понапредна од софтверот GPT-4 на OpenAI во цитираното отворено писмо објавено претходно оваа година.