,,Имаше многу жени пред мене и драго ми е!” Водителката шокираше со признанието за сопругот на кој му роди две деца: Еве како изгледа (фото)
Водителка на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ е во брак со продуцентот Предраг Павловиќ, со кој има две деца.
Нејзиниот сопруг зад себе има турбулентно минато, но водителката никогаш не му придавала важност.
Наташа во своите интервјуа истакна дека разбирањето е клучот за хармоничен брак, а во едно интервју го допре и неговото минато.
– Кога еден млад човек ќе се заљуби, веднаш сака свадба и деца, бидејќи мисли дека тоа ќе трае вечно. Сепак, важно е и двајцата да поминат подолго време заедно за подоцна бракот да биде поуспешен и да не „полудат“ во педесеттите – истакна тогаш таа, додавајќи дека, во моментот кога ја започнала емотивната врска со нејзиниот сегашен сопруг, сакала да знае што преживел тој пред неа.
-Го прегледав детално неговото минато, па кога сфатив дека има „милион“ жени, дека патувал и направил сè што треба да направи еден млад човек, тогаш реков – одлично. Не дека не ми пречеше што имаше толку многу жени во неговиот живот, но ми беше драго, бидејќи знаев дека ќе може повеќе да ме цени. Мислев дека научи што сака, а што не сака, исто како мене – додаде Наташа, завршувајќи ја приказната со зборовите:
– Му ја кажав целата моја историја, освен што моето минато не беше толку бурно како неговото. Но, имав многу можности да заклучам што сакам врз основа на моето искуство и на искуството на моите пријатели. На триесет сте зрел маж, но претходно сигурно не сте биле. Не велам дека не можете да најдете партнер за цел живот, но тоа е чиста среќа. Му благодарам на Бога секој ден што чекав и што не направив ништо набрзина – изјави Наташа за „Стори“.