Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша е деактивиран (фото)

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, е затворен.

Имено, исчезна профилот кој го имала со години на кој ја следеле околу 2 милиони и 400 илјади луѓе.

Веќе со денови на социјалните мрежи владее вистинска драма, откако беше покрената петиција за затворање на Инстаграм на Карлеуша.

Јелена влегуваше во директен конфликт и се стегаше со корисниците на Инстаграм.

Профилот на нејзината ќерка Најк беше деактивиран пред неколку дена.

Јелена Карлеуша, видно бесна, на својот Инстаграм профил откри дека профилот на нејзината помала ќерка Ники е деактивиран.

Имено, пред неколку дена беше покрената петиција за затворање на нејзиниот профил поради јавната поддршка што и ја даде на Вучиќ, а бидејќи не успеаја да ја затворат, таа денеска објави дека го затвориле нејзиниот помлад наследник.

Инаку, Ника беше многу активна на социјалните мрежи и имаше голем број следбеници, но за жал многу од нив успеаја да ја пријават и да и го избришат профилот.

– Го пријавија профилот на моето дете. Денеска ги избришаа профилите на мојата Ника и на мојот играч. Знаете, сите бедници од Инстаграм, Твитер, ТикТок, што ќе ви правам сега? – напиша Јелена.