Институтот за проучување на војната тврди: “Загубите на Русија значително се зголемија!“

Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, САД, соопшти дека загубите што ги претрпеле Русите во западниот дел на регионот Запорожје значително се зголемиле.

ISW верува дека руската Армија се бори со недостатокот на единици кои се подготвени за борба и дека највисоките структури се подготвени да испратат во тој сектор на фронтот.

ISW додаде дека и руски и украински извори велат дека победите на Украина во Бахмут се должат на подобрата координација на украинските војници, поголемата прецизност на украинската артилерија и фактот што украинската Армија има помоќни системи за електронско војување.