Американската инфлуенсерка Ешли Сент Клер го откри името на машкото бебе кое го доби со Илон Маск – Ромулус Сент Клер. Таа се породи во септември 2024 година.
Пет месеци подоцна, таа го тужеше директорот Х затоа што не го признал татковството и побарала старателство над детето. Американските медиуми објавија дека Маск по нејзината тужба значително ја намалил алиментацијата и изјавил дека се сомнева во татковството.
Волстрит журнал ги откри резултатите од тестот за татковство, кој беше направен во Labcorp. Наведено е дека има 99,9999 проценти шанси Маск да е таткото на Ромулус.
Маск не го коментираше ова. Има уште 13 деца со различни жени.
Сент Клер изјавила дека претходно разговарала со Маск за децата и дека првиот пат кога спиеле заедно, тој и рекол да избере име за нивното дете.
Покрај тоа, таа тврди дека тој и рекол да направи царски рез, но таа не го направила тоа.