Иран ги предупреди Велика Британија, САД и Франција да не интервенираат за да му помогнат на Израел.
Иранските власти најавија дека доколку овие земји не се откажат од поддршката на Израел, ќе станат цел на директни напади, пишува skynews.
Според изјавите објавени од иранските државни медиуми, Техеран предупредил дека ќе ги нападне британските, американските и француските бродови и воени бази.
Ова предупредување доаѓа во време на високи тензии на Блискиот Исток, каде што ризикот од воена ескалација се чини неизбежен.
Ситуацијата останува многу чувствителна бидејќи меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата и последиците што може да ги донесе оваа конфронтација.
Инаку, страните веќе потврдија дека има жртви – убиени се 60 Иранци и тројца Израелци.