Италија пред колапс: Најголемата суша во последните половина век, милиони граѓани без капка вода, сточарите принудени да убиваат добиток

Сточарите се принудени да убиваат домашни животни на Сицилија поради невиден повеќемесечен недостиг на храна и вода.

Во последните две децении годинава е таа со најмалку врнежи. Италијанската влада издвои 20 милиони евра за помош на погодениот регион. Најпогодено е земјоделството, особено сточарите. Поради недостигот на храна и вода, многумина се принудени да убиваат добиток.

Поради исклучително ретки врнежи во последните година и пол, голем дел од населението на Сицилија, речиси половина од вкупното пет милиони население, е подложено на рационализирање на водата за пиење. Ситуацијата е особено тешка во западните и јужните делови на островот, а од 29 вештачки езера, шест целосно се исушија.

Поради оваа причина, во многу општини граѓаните добиваат вода секој втор ден или се снабдуваат од цистерни. Последиците од ова се големи штети за земјоделството, додека во некои области сточарите се принудени да убиваат добиток за кој немаат ниту вода ниту храна.

Енио Бонфанати од Калтанизета истакнува дека ситуацијата е катастрофална и дека навистина мора да користи таков термин.

– Овде обично одгледуваме модар патлиџан, домати и пиперки, но годинава нема ништо поради сушата. Малку вода што ја имаме ја штедиме за растенијата кои најмногу страдаат. Ја изгубивме целата пченица – се жали друг земјоделец.

Гувернерот на Сицилија, Ренато Скифани уште во февруари прогласи статус на природна катастрофа , а италијанската влада во мај прогласи вонредна состојба бидејќи ова е една од најтешките суши што го погоди овој остров во последните педесет години.

СТОКОТ БЕЗ ХРАНА И ВОДА

Деновиве Министерството за земјоделство на Италија прогласи состојба на екстремни временски услови на цела Сицилија, додека регионот бара и посебен декрет кој би се однесувал на континуирано намалување на водните ресурси во вештачките езера, што доведува до недостаток на вода за наводнување.

Се проценува дека годинава во однос на лани земјоделското и сточарското производство ќе се преполови.

– На Сицилија се одвива трагична ситуација како никогаш досега во последните 20 години. Сите земјоделски сектори се ужасно загрозени, почнувајќи од самото сточарство, кое мораме да го убиеме, бидејќи немаат што да јадат и пијат – предупредува Франческо Чукуруло од здружението на земјоделци Колдирети.

ВОНРЕДНО ВО КАЛАБРИЈА И САРДИНИЈА

Во наредните денови временската прогноза предвидува екстремно високи температури без врнежи , а вонредна состојба поради суша е прогласена во регионот на Калабрија, додека Сардинија се подготвува да го стори истото.

Националната лига на задруги на јужните региони, попозната како Легакоп, која е најстарата и главна асоцијација за заштита и застапување на италијанските задруги, зборува за драматичната состојба на оние територии кои досега изгубиле четири милијарди евра, како и 33.000 вработувања само во првиот квартал годинава, предизвикани од сушата што се уште трае.

На Сицилија неодамна е забележана рекордната температура измерена во Европа од 48,8 степени!