Шерон Стоун уште еднаш докажа дека е дама со стил, и дека во седмата деценија ги крши сите модни правила.
Познатата актерка Шерон Стоун се појави на традиционалната церемонија на доделување на наградите „Governors“ во Лос Анџелес.
Оваа престижна награда се доделува на актери кои со својот ангажман ја подобриле филмската индустрија.
Доделувањето на наградата е и место за модни пресметки, а синоќа имавме можност да видиме вистински стилски пресметки меѓу познатите ѕвезди.
Кога станува збор за модата , актерката Шерон Стоун беше вистинска атракција. Од нејзиното елегантно издание беше тешко да се тргне погледот, особено сребрениот детал на нејзиното рамо.
Како што можете да видите од фотографиите од вечерта, Шерон облекла вграден бел фустан со стејтмент ремени, а брошот од вилинско коњче беше вистинско изненадување.
Интересен додаток ја комплетираше оваа едноставна комбинација, а на целиот стајлинг на фаталната актерка му даде шмек на елеганција.
Шерон по којзнае кој пат докажа дека е дама со стил, и дека и најскромните модни парчиња и изгледаат како „милион долари“.