Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење

0

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при тоа на територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, три за возач почетник, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три за некористење сигурносен појас, осум за возење под дејство на алкохол и три санкции за минување на црвено светло.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот