Каква приказна! Криминалец 11 години бил во бегство, па бил уапсен поради фудбал! (фото)

Неверојатна приказна доаѓа од Грција, бидејќи познатиот италијански бегалец Винченцо Ла Порта (60) е уапсен по 11 години во бегство. С

поред извештаите, ни помалку ни повеќе ,,падна” туку поради фудбалот.

Станува збор за човек кој пред неколку години беше прогласен за еден од 100-те најопасни бегалци во Италија. Се криел во Грција, на Крф, каде работел како готвач и каде имал лажни документи.

Можеби и денеска ќе водел мирен живот во таа земја, доколку Наполи на крајот на мај годинава не ја освоеше титулата италијански шампион. Како што пренесуваат сите релевантни европски медиуми, Ла Порта не одолеал и излегол на балконот да го прослави првиот шампионски трофеј по 33 години.

Инспекторите го забележале меѓу навивачите на балконот, а потоа го уапсиле.

Инаку, Ла Порта е осуден на 14 години затвор во Италија за даночно затајување, учество во криминална банда и разни измами.

Акцијата за апсење полицијата ја извршила блокирајќи ја улицата каде често поминувал со својот скутер.

„Ла Порто беше предаден од љубовта кон фудбалот и Наполи. Кога ја освоија титулата, не можеше да одолее да го прослави трофејот“, се вели меѓу другото во соопштението на полицијата.

Овој човек бил член на познатата неаполска банда „Камора“ и моментално се наоѓа во затвор во Грција, каде ја чека судската одлука за негова екстрадиција во Италија.

Властите на Апенините бараат негова екстрадиција за да отслужи 14-годишна затворска казна.

Ла Порта вп Грција основал семејство и има деветгодишен син. Пред апсењето бил вработен во ресторан како готвач, пишуваат медиумите.

Клубот од Неапол, инаку, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а ќе биде еден од фаворитите за одбрана на титулата во Италија.