По поразот од Италија на Дејвис купот, Новак Ѓоковиќ отпатува за Марбела каде ужива со семејството.
Шампионот е фотографиран во неделата на 26 ноември за време на релаксирачко попладне на плажа, со сопругата Јелена, синот Стефан, ќерката Тара и братот Марко. Фотографите успеаја да овековечат нежни бакнежи меѓу Јелена и Новак, нежни моменти меѓу него и неговиот син, но и моменти кога Ноле покажува каков мајстор е со фудбалска топка.
Интересен детал е тоа што Ноле беше само во шорц и маица, кои подоцна ги соблече, додека стајлингот на Јелена навестува дека е топло. Беше во сосема поинаков стил – имаше дуксер со долги ракави и јакна, а колку е неоптоварена докажува фактот што не се трудела аутфитот совршено да одговара на секоја боја.