Како навиката за одложување на алармот може да влијае на вашето здравје

Многу луѓе уживаат во подолгиот сон, па затоа често избираат да ги одложат алармите, а според експертите, оваа навика може негативно да влијае на здравјето.

Медицинската сестра Џордан Брус објави предупредување на својот TikTok профил за одложување на алармот и активирање на функцијата „snooze“ кога алармот ќе заѕвони, објаснувајќи како оваа навика може да влијае на здравјето на долг рок.

Брус објасни дека во овој случај не станува збор за недостаток на сон, туку за лоша навика.

„Будењето со повеќе аларми секое утро често го нарушува вашиот REM циклус. Ова води до инерција на спиењето, зголемена поспаност, замор, промени во расположението, а исто така ги зголемува нивоата на кортизол секој пат кога алармот ќе се вклучи“, рече таа.

Таа тврди дека изложувањето на телото на овој стрес предизвикува реакција „бори се или бегај“, чиј резултат е скок на кортизолот.

„Будењето вака повеќе пати наутро е многу стресно, па кога ќе заѕвони алармот наутро, станете. Немојте постојано да се трауматизирате“, објасни Брус.

Оваа медицинска сестра, исто така, истакна дека постои врска помеѓу стресот и дебелината.

„Прекумерните нивоа на кортизол предизвикуваат зголемување на телесната тежина и задржување на тежината. Затоа, кога ќе се вклучи алармот, време е да станете. Ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро“, рече таа.

Кортизолот е примарниот хормон на стрес што вашето тело го произведува за да ве држи будни со зголемување на шеќерот во крвта. Дополнително, зголемените нивоа на кортизол резултираат со зголемување на инсулинот, хормонот за складирање на масти, што значи дека повисокиот стрес може да го поттикне вашето тело да складира повеќе масти, пишува LADBible.