Американскиот рапер Шон Комбс Диди, попознат како Пи Диди, беше прогласен за виновен за организирање превоз со цел проституција, а Си-Ен-Ен откри како реагирал откако ја слушнал пресудата. Пред да биде изведен од судницата во Њујорк, тој клекна и ја наведна главата како да се моли. Кога стана, се сврте кон публиката што седеше во галеријата и почна да аплаудира.

После тоа, ги погледна членовите на своето семејство и рече: „Ви благодарам. Те сакам, мамо.“ Тие почнаа да аплаудираат, а некои дури и плачеа.
Кога Диди ја напушти судницата, неговото семејство им кажа на адвокатите дека тие се „тим од соништата“. Неговиот адвокат Тени Герагос ги прегрна. Адвокатот на одбраната Марк Агнифило рече дека раперот се подготвува да го помине остатокот од животот во затвор.
„Оваа порота му го даде на Комбс дарот на животот. Ве уверувам дека тој ја цени можноста што му е дадена и нема да прекрши ништо што овој суд ќе му го наметне“, додаде тој.

Ве потсетуваме, Диди се соочува со казна затвор до 10 години. Тој беше ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе заради проституција и рекетирање.